Ова е најсеопфатниот бесплатен сметководствен софтвер. Ги има сите функции кои би ги очекувале од сметководствен пакет и работиме на додавање уште повеќе.
Бесплатно Засекогаш
Можете да го користите програмот колку што сакате, да користите сите функции и да внесувате толку податоци колку што е потребно. Нема временски ограничувања, нема ограничувања за употреба, нема реклами.
Работи во офлајн режим
Сета ваша работа може да се изврши во офлајн режим на вашиот десктоп или лаптоп што значи дека нема да загубите пристап до вашите податоци или програма ако вашиот интернет престане да работи или не е достапен.
Мултиплатформски
Достапно е за преземање на Windows, Mac OS X и Linux. Форматот на базата на податоци е универзален на сите оперативни системи, што значи дека сметководствена датотека создадена на Windows може лесно да се пренесе на Mac OS X или Linux доколку се појави потреба.